Почетна Коментар Реакција на Отец Бобан на пишувањата на Арсим Зеколи
Реакција на Отец Бобан на пишувањата на Арсим Зеколи

Реакција на Отец Бобан на пишувањата на Арсим Зеколи

3.36K
0

Ако е информацијава точна, односно изјавеното, се чудам и си велам срам да те фати какви се се поставуваат во нашава Македонија на одговорни позиции, па дури и да ти ја претставуваат државата и народот.

Инаку, еве бесплатни иформации за Екселенцијава, а против неговата очигледна националистичка агенда:

  1. Архивската граѓа на Бигорскиот манастир, речиси од секој вид, не изгоре во „наводниот“, како што го именувате, пожар, туку беше одземена и однесена во Архивот на Македонија, секако и по други институции, уште многу пред пожарот – во времето на комунизмот. Така што можете да проверите се што сакате, ама ќе се изненадите, иако не ми е верно дека фактите поминуваат кај вас и ќе ве замолчат (дури и „боговите“ ги замолчуваат – согласно изреката). Воделе монасите картотеки со имињата на жителите на манастирот, па проверете ги имињата и празимињата и од каде доаѓале, игумен бил о. Спиридон ( Клопчевски). потомците од неговото семејство, со истото презиме, и до ден-денес ги има, па може да ги прашате. А еве, и да би било точно дека изгореле историските записи, тогаш како претходно никој, во своите истражувања, не објавил, секако објективно, нешто од нив, што би ја потврдиле вашава квазитеза? Само ова мене ми е малку нелогично, па дури и трагикомично: монасите кои сега го населуваат манастирот, само за да ги збришат и пратат во заборав историските документи, си го запалија сопственото живеалиште, кое со години се мачеа да го возобноват?
  2. Ако под терминот „албански“ мислите припадност, тогаш ќе сте слободен во изразот, ќе се осудите (како ќе оди на политичкото конто, не знам) да кажете дека се од Охридско до Групчин било во тоа време албанско!? Ама не мислите на припадност, туку на окупирана територија, или поточно дадена на подарок на сојузниците по убедување – од фашистичка Италија, во тоа време, во Втората светска војна. Па окупираното, ќе повторам од страна на Фашистите, од кои целиот свет се згрозува, го изедначувате со припадност. Дури и духовната окупација, значи тоа што е – односно окупација. Ако балистите – сојузници и истомисленици со фашистите, го дале окупираниот Бигорски на АПЦ, не значи дека отците на Бигорски ја прифатиме наметната и неканонска јуриздикција.

Нам денес, на современите Македонци и на Албанците кои живеат во Македонија не ни се потребни национал-романтичарски изјави од 18-19 век. Од луѓе како вас очекуваме идеи за надминување на социјаните и економските проблеми, за ерозијата на моралот, за заборавените вредности… Ако не сте за ова, тогаш не пречете во јавниот простор со вакви лаги и неточни изјави.

/Фејсбук статус на отец Бобан Митевски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *