Состојбите во бугарската православна црква добиваат драматични димензии по одлуката на Синодот на БПЦ да го разреши Архимандритот Дионисиј од Соборниот храм „Св. Александар Невски“, поради тоа што за Велигден организирал огномет за време на воскресната богослужба.
Дионисиј денеска го возвраќа ударот. Во утринското гостување на „НОВАТВ“ тој откри сериозни финансиски малверзации на свештениците на БПЦ во соборниот храм, кои ги обвини дека со години ја „крадат“ Црквата. Истовремено Архимандритот Дионисиј отворено ја обвини и сама Бугарска православна црква за сериозни врски со политиката, но и за релации со криминални структури во бугарското општество.
Од друга страна пак еден од владиците на БПЦ, Ловченскиот митрополит Гаврил најавил дека Дионисиј најверојатно ќе биде затворен во еден од манастирите на БПЦ.
Погледнете ја изјавата на разрешениот Архимандрит на БПЦ.
/РЕЛИГИЈА.МК

