Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Рашковиќ и кандидатот за градоначалник на општина Аердором, Владимир Михајлоски денеска имаа средби со граѓаните на општина Аердором, пред ТЦ Бисер и во популариот парк Авионче во Ново Лисиче. Заедно со носителите на листите за советници, на жителите на Аеродром им ја презентираа и поделија својата програма.
Рашковиќ, кој е поддржан од ТМРО, вели дека сега не може да се зборува за капитални инвестиции, бидејќи уште на самиот старт е потребно градот прво да се чисти. Наместо два-три дена, како што ветуваат други, тој вели дека Скопје ќе го исчисти за 33 дена.
-Многу е лошо во оваа ситуалција да зборуваме за капитални инвстиции, кога ние уште на стартот прво треба да го исчистиме градот. И нема да го исчистиме за два три дена, туку за 33 дена, како што е нашето бројче. Првенствено тоа да се исчисти градот комплетно, вели Александар Рашковиќ.
Потенцира дека Скопје има сериозен проблем на одредени делови со атмосферска канализација, а за тоа никој не зборува. Тој вели дека има свој план како да се реши тој проблем.
– Никој не зборува за атмосферската канализација. При секој голем пороен дожд, излегуваат фонтани од шахтите. Значи тоа треба да се направи една дренажа и една профилактика на целата таа мрежа, вели Рашковиќ.

