Почетна Вести Христијанство Раковиќ: Томос од Вселенската патријаршија ќе значеше трајно губење на српските цркви во Македонија

Раковиќ: Томос од Вселенската патријаршија ќе значеше трајно губење на српските цркви во Македонија

2.57K
2

Српскиот аналитичар и креатор на идејата за Српски Свет, Александар Раковиќ, многу искрено и многу отворено ја објаснува разликата меѓу извдавање Томос за автокефалност на МПЦ-ОА од Вселенската Патријаршија и од Српската Православна Црква.

Интернет поткастот „Нов Асном“, (кој изминатиов период на македонската јавност и сервира приказни зошто Вселенската Патриајршија не треба да издава Томос) снимиле интервју со Александар Раковиќ, но тој в лице им објаснува како СПЦ успеала да се заштити и да ја превесла МПЦ-ОА.

Раковиќ вели дека ако Вселенскиот Патријарх издал томос за автокефалност на МПЦ-ОА под името Охридска Архиепископија на тој начин СПЦ трајно ќе ги изгубела сите средновековни цркви и манастири и епархиите на кои се тие градени во Македонија, а ги сметаат за српско духовно наследство. Со Томсот издаден од СПЦ, тие сега само и се дадени на користење на МПЦ-ОА

За овој голем успех за СПЦ, Раковиќ во интервјуто му благодари јавно на владиката Петар.

Коментар(2)

  1. Дали може да се каже дека фактички статусот на МПЦ-ОА е автономен до автокефален но не е целосно автокефален и, согласно досега изнесените ставови и мислења од луѓе кои одвнатре ги следат овие случувања, СПЦ – ПП, со издадениот Томос, само го надградува постоечкиот, веќе издаден Томос од СПЦ – ПП издаден на ПОА. Дека тоа не може да стои без дршка од политиката е наивно да се каже и дека секој успех на Вселенската да издаде Томос на црква од Македонија со целосно автокефален статус ќе значи паралелна црква, а тоа е тешко да се случи зашто признавање на целосно автокефален црква во РСМ, едноставно нели е невозможна мисија за грчката црковна и државна дипломатија.
    Штом се премости моменталното неединство или поточно штом го решат Партениј, правејќи некакви отстапки и пред него и пред Амбасадата, ПОА конечно ќе ги добие своите епархии свој имот регистрација и финансии. Како тоа конечно ќе изгледа, ќе видиме.

  2. Tomosot e znaci za delumna avtokefalnost,na koristenje na MPC-OA se dadeni odredeni hramovi ,izgradeni vo minatoto.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *