Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Моџтаба Хамнеи за неговиот избор за врховен лидер на Иран.
– До Неговата Екселенција, Врховен лидер на Исламската Република Иран, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, ве молам прифатете ги моите искрени честитки за вашиот избор за врховен лидер на Исламската Република Иран – се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.
Во телеграмата, Путин изрази увереност дека чесно ќе ја продолжи работата на својот татко.
– Уверен сум дека чесно ќе ја продолжите работата на вашиот татко и ќе го обедините иранскиот народ во услови на тешки искушенија – се вели во телеграмата објавена од Кремљ.

