Проданоски: Ќе го градиме Прилеп со трудот и знаењето на нашите градежници

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со претставници на прилепските градежни компании, на која се разговараше за состојбите во секторот и за можностите за заедничка работа на поефикасна, транспарентна и фер градежна политика.

-Градежниците се двигатели на секој развој. Тие се партнерите со кои Прилеп ќе продолжи да се гради — со уредна инфраструктура, современи населби и подобри услови за живот на сите генерации, изјави Проданоски.

Нагласи дека со вистинска соработка помеѓу локалната самоуправа и градежниот сектор, градот може да напредува со темпо што ќе го задржи секој млад човек во Прилеп.

-Заедно ќе го градиме новиот Прилеп — град по мерка на сите граѓани. Тоа е вистинскиот избор, порача Проданоски.

Средбата е дел од серијата консултации со стопанските субјекти во рамките на програмата за локален економски развој, чија цел е создавање на подобра бизнис-клима и уредна урбана средина во Прилеп.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...