Пробал да краде од црква, па се заглавил на оградата – интервенирала полиција, брза помош

Date:

Share post:

При обид за кражба во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани, крадец останал заглавен на оградата околу верскиот објект. По неуспешниот обид насилно да влезе во храмот, крадецот се дал во бегство, при што се заглавил на металната ограда околу храмот.

Со цел безбедно извлекување на лицето, на местото на настанот интервенирале полициски службеници, на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош.

Инцидентот се случил ноќеска, непосредно пред одбележувањето на славата на црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here