Превирања во црквата во Трубарево – верници бараат смена на црковниот одбор, епархијата не реагира

Date:

Share post:

Верници од црквата Св. Ѓеорѓи Победоносец од Трубарево го обвинуваат за нелегитимен црковниот одбор на оваа парохија. Вчера организриле и мирен протест, а на фејсбук-профилот на оваа црква, споделуваат информации за евентулани злупотреби, направени од цековниот одбор. Се споменува и узурпирање на државно земјиште за гробни места, а кои се продавале и по 800 евра. Се поставува прашање од каде таква храброс да се направи овој скандал и кој толку ги штити

Паралелно вербниците тврдат дека под притисок на црковниот одбор бил сменет и свештеникот.

-И покрај петицијата што ја собравме да не се разреши свештеникот и кој на Црковното собрание изгласавме и нов црковен одбор до ден денешен немаме никаков одговор од Скопската Епархија затоа апелираме сите заедно да преземеме конкретни мерки и да ставиме крај на оваа безаконие и да ја вратиме црквата на верниците а не на поединци кој ја растураат, стои во една од објавите.

Религија.мк, побара став и од Скопската епархија за овие случувања, но од Кабинетот на архиепископот досега одговор на стаса.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here