Пожар стивна и изгасна пред црковните врати на храмот во Воден, најпогоденото село во пожарите во Бугарија, објавија тамошните медиуми. Таму изгореа повеќе од 60 куќи, а жителите беа евакуирани.
Огнот и неговата сурова стихија изгореа се што му се најде на патот во пепел, но изненадувачки не успеаја да ја запалат црквата „Свети Георгиј Победоносец“. Мештаните веруваат дека ова е знак од Бога и дека не може да има случајности, пишуваат медиумите.
На ист став е и ипоѓаконот Атанас Стефанов, кој покрај молитвите отишол на местото да им помогне на луѓето на терен.
Фотографот кој ја снимил глетката на опожарените места кои буквално се гасат пред Божјите порти, исто така останал запрепастен од она што го видел.

