Почетна Вести Европа Поранешниот папа Бенедикт XVI ја обвини револуцијата во 60-те за сексуалните злоупотреби
Поранешниот папа Бенедикт XVI ја обвини револуцијата во 60-те за сексуалните злоупотреби

Поранешниот папа Бенедикт XVI ја обвини револуцијата во 60-те за сексуалните злоупотреби

214
0

Пензионираниот папа Бенедикт XVI објави писмо во кое сексуалната злоупотреба врз децата ја препишува на целосната сексуална слобода во шеесетите години на минатиот век. Тој наведува дека културните и историски промени довеле до распад на моралот во католицизмот.

Сексуалната револуција во шеесетите години, според него, довела до хомосексуалноста и педофилијата во католичките установи. Исто така појаснува дека некои од тврдењата за сексуални злоупотреби на деца од страна на свештеници кои се појавиле, датираат децении пред шеесетите.

Единствено решение на проблемот, вели папата, e „послушност и љубов кон нашиот Господ Исус Христот“. Папата Бенедикт XVI во 2013 година се пензионираше, што е прв папа во 600 години да го стори тоа. Тој беше обвинет дека не успеал да ги заштити децата и ја потиснал истрагата. Обвиненијата тој ги негираше.

Писмото од 500 зборови, кое е објавено во германскиот католички магазин „Клерусблат“, е поделено на три дела. Во првиот дел тој ги обвинува сексуалните филмови, сликите на голотија и “облеката од 60-те” што води кон “ментален колапс” и “насилство”.

„Во времето на сексуалната револуција, “католичката морална теологија доживеа колапс што ја направи црквата беспомошна против овие промени во општеството”, вели тој.

Во вториот дел се наведува дека сексуалната револуција довела до „хомосексуални кликови“. Се испитува како овој период влијае на распуштањето на христијанскиот концепт на моралот, особено во католичките образовни институции.

Тој тврди дека еден бискуп им покажал на своите студенти порнографски филмови за да ги направи отпорни на однесувањето спротивно на верата.

Во третиот дел тој прашува: „Зошто педофилијата достигна такви пропорции? На крајот, причината е отсуството на Бога“.

На крајот тој му се заблагодари на неговиот наследник, папата Франциск, за се што сторил за да ни го покаже повторно и повторно светлото на Бога, кое не е исчезнато дури ни денес.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *