ПОЛСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: Собор ќе има, најдобро беше сите да учествуваат во него

Date:

Share post:

Полската православна црква нормално ќе учествува на Соборот на Крит. Ова го изјавил полскиот епископ Георгиј, потенцирајќи ја огорченоста на полската православна црква и нејзината вознемиреност од одлуките на оние помесни цркви кои најавија дека нема да допатуваат на островот.

Polski episkop GerogijЕпископот Георгиј кој веќе е на Крит во однос на ставовите на Руската православна црква изјавил дека нејзиното откажување да учествува на Соборот, како  најголема црква, предизвикува огорченост, бидејќи за овој собор подготовките траеја повеќе години.

-Најразочарувачки е што овие решенија беа донесени во последен момент, како што се вели, пет минути пред почетокот на Соборот, кога веќе беа направени сите големи подготовки и тој Собор го очекуваа сите и народот и црквата и целиот свет. Секако дека Соборот ќе се одржи, но најдобро и совршено би било во него да учествуваат сите цркви, за да биде Севселенски, бидејќи тоа е нашата желба, изјавил полскиот епископ.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here