Почетна На иста страна Поглаварите на верските заедници го поздравија протоколот за членство во НАТО
Поглаварите на верските заедници го поздравија протоколот за членство во НАТО

Поглаварите на верските заедници го поздравија протоколот за членство во НАТО

501
0

Честитки за потпишувањето на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО и заедничка изразена верба дека тоа носи траен мир и целосно помирување дома, помеѓу сите граѓани кои живеат во државата, упатиле Поглаварите и претставници на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата со Заев присустувале поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,  Митрополит Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, Рејз Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква во Република Македонија, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква во Република Македонија и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Македонија.

– На средбата е разговарано за актуелни прашања од значење за верските заедници. Изразена е заедничка согласност дека при функционирањето на државниот систем и на верските заедници треба да се почитува секуларниот карактер на државата, како што е предвидено со Уставот на Република Македонија. При тоа, разгледани се можности за подобрување на законските решенија во насока на унапредување на верските слободи и права, се наведува во соопштението.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *