
287
0
Почина Шабачкиот епископ Лаврентиј, потврди Српската православна црква.
-Со верба и надеж во Воскресението, ја известуваме јавоста дека во недела по Богојавление, 23 јануари во 17 часот во Духовниот центар Свети Сава во Шабац, се престави во Бога Епископт шабачки Лаврентиј, пишува СПЦ.
Лаврентиј имаше 88 години. Српските медиуми и СПЦ не соопштуваат детали за неговата смрт.
За епископ на СПЦ беше избран 1967 година. Од 1989 година беше на Тронот на Шабачко-ваљевската епархија.