Во Баку, главниот град на Азербејџан, неодамна била испишана историја – била отслужена првата Божествена Литургија на азербејџански јазик во рамките на православната традиција, соопштуваат од Baku Diocese. Литургијата ја предводеле локални свештеници, а присуствувал епископот Алексеј на Баку и Азербејџан.
Литургијата била служена во катедралата на Светите мироносици жени, а на богослужението присуствувалеправославни христијани кои со радост ја слушале службата на својот мајчин јазик — момент кој го оценуваат како значаен зацврстувачки чекор во духовниот живот на локалната православна заедница.
Работата на преводот на литургиските текстови на азербејџански започнал во 2022 година, а првиот православен молитвеник на овој јазик бил објавен во март 2024 година. Истовремено, направени се и преводи за службите на таинствата на Крштавањето, Миропомазанието, како и за заупокоените молитви и неколку акатисти.
Православието во Азербејџан претставува религиозна заедница составена од верници под јурисдикција на Московската и на Грузиската патријаршија, а бројот на христијани во земјата се движи од околу 280.000 до 450.000 лица, главно православни.

