Почетна Вести Христијанство По седум години од пожарот осветување на новиот храм во Богданци
По седум години од пожарот осветување на новиот храм во Богданци

По седум години од пожарот осветување на новиот храм во Богданци

412
0

По седум години од пожарот, верниците од Богданци повтоерно ќе го добијат храмот посветен на Свети Атанасиј Велики.

Повардарската епархија за 14 ноември го закажа осветувањето на возобновената црква која поради спој на електрична инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Црквата е изградена во 1880 година, а сега добива нов лик.

-На 14 Ноември 2021 година, ќе ја осветиме црквата „Св. Атанасиј Велики“ во центарот на градот Богданци. Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци, и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, не останавме рамнодушни, туку напротив веднаш започнавме со изградба на нов импозантен храм кој одново ќе го краси овој град. Со Божја помош и благослов, успеавме во нашите намери. Тој ден е 14 ноември. Храмот на светиот Атанасиј, архиепископот Александриски, повторно ќе биде духовен светилник на Богданци. Затоа дојдете, заедно, соборно да се радуваме на неговото осветување, вели  Митрополит Повардарски г. Агатангел

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *