Почетна Вести Регион Пловдискиот митрополит Николај служеше литургија на која беше спомнат укрианскиот поглавар Епифаниј
Пловдискиот митрополит Николај служеше литургија на која беше спомнат укрианскиот поглавар Епифаниј

Пловдискиот митрополит Николај служеше литургија на која беше спомнат укрианскиот поглавар Епифаниј

466
0

На 27 ноември Пловдивскиот митрополит Николај ја предводеше Светата Литургија во грчката митрополија на Лангада, Лити и Редина по повод 500 години од раѓањето на покровителот на епархијата, св. Дамаскин Студит, епископ на Лити и Редина.

Во историскиот храм и стар митрополиски центар „Св. Атанасиј, Акакиј и Дамаскин Студит“ сослужуваа митрополитот Николај, митрополитот на Филипи, Неапол и Тасос Стефан, митрополитот на Лангада Јован и епископ Евлогиј, игумен на Рилската света обител.

За време на богослужението ѓаконот ги прочита православните диптиси со имињата на претстојателите на помесните православни цркви, а на крајот беше спомнат и Киевскиот митрополит Епифаниј, според решението на Грчката православна црква од минатиот месец.

Во својата проповед митрополитот Николај го предаде благословот на Неговата Светост патријарх Неофит и опширно ја опиша личноста на св. Дамаскин Студит, потцртувајќи го вселенскиот карактер на неговото дело, што послужило за единството на православните народи.

Св. Дамаскин Студит, епископ Литиски, кој живеел во 16 век, беше канонизиран од Вселенската патријаршија во 2013 г. Тој е еден од најобразованите православни духовници на своето време, учител на патр. Јеремија II. Неговите многубројни поучителни слова на говорен грчки јазик, насочени кон обичниот народ, го прават исклучително популарен. Неговото најпознато дело Сокровиште, кое содржи 36 житија и поученија е преведено на словенски јазик во скитот „Кавсокаливија“ на Света Гора, и е основа на популарните кај нас „дамаскини“.

Како дата на неговиот празник е определен 27 ноември.

/Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *