Петар не е веќе член на работниот Синод – за нов член избран Наум и Пимен како заменик

Date:

Share post:

Владиката Петар не е повеќе член на работниот состав на Синодот на МПЦ-ОА. Поради истекување на мандатот на негово место, САС на МПЦ-ОА во полн состав го избрал митрополитот Наум. За заменик на митрополитот Наум е избран митрополитот Пимен.

Ова значи дека во следниот период во тричлениот работен составн на САС на МПЦ-ОА ќе членуваат, архиепископот Стефан, и митрополитите Наум и Агатангел.

Синдот на МПЦ-ОА денеска формирал и комисија која треба да ги разгледа матерјално-финансиските состојби на новофрмираните епархии, што значи одлука за барањата на поранешните членови на ПОА се уште нема.

Во соопштението на САС на МПЦ-ОА нема детали дали некои од барањата на владиката Петар биле на дневен ред.

-Светиот синод ги разгледа и ги усвои годишните извештаи од епархиите на МПЦ – ОА во татковината и дијаспората при што обрна посебно внимание на оние показатели кои сведочат за демографската состојба кај македонскиот православен народ.

Воден од пастирска грижа, Светиот архијерејски синод, одлучи да формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства.

Разгледувајќи ја состојбата на духовното и културно богатство на македонските храмови и манастири, Синодот со жалење констатираше дека заради немање доволно стручни кадри кои би го конзервирале, тоа се наоѓа во лоша состојба. Светиот Синод апелира до надлежните институции неодложно да преземат соодветни мерки со цел да го зачуваме она што ни е оставено од нашите претходници.

За нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот беше избран Митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик Митрополитот Европски г. Пимен. Исто така, Синодот формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии.

Како основач на воспитно-образовните институции при МПЦ – ОА, Синодот ја поздрави работата на Управата на Богословијата, која учебната 2025/26 година спроведе наставна програма од 4 години, а денот за упис на нови ученици ќе биде на 19 јуни 2026 година, стои во соопштението на САС на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img