Партијата на Петар Богојески, Македонски Концепт, преку својот општински комитет во Чаир, орагнизираше Ифтарска вечер за членовите на партијата од муслиманска версоиповест.
Организиацијата на Ифтар вечерата, како што посочуваат од партијата била во духот на почитта, заедништвото и меѓусебното разбирање.
-Оваа вечер не е само заедничка трпеза, туку и силна порака дека Македонија може и мора да се гради како дом на почит, човечност и достоинство за сите. Во време кога многумина се обидуваат да не делат, наша должност е да покажеме дека вистинската сила е во обединувањето, меѓусебната почит и во искреното внимание еден кон друг. Македонски Концепт останува посветен на вредностите на верска традиција, фундаментализам и верба во бога, преку заедништво, меѓусебно уважување и општествена кохезија. Различностите не се пречка, тие се богатство кога се живеат со искреност и почит. Им посакуваме на сите верници од исламска вероисповед мир, здравје, благосостојба и духовна исполнетост во овие свети денови. Заедно за Македонија на почитта, редот и заедништвото, напиша Богојески на Фејсбук.

