Почетна Вести Христијанство Пендаровски на средба со Вартоломеј – го очекуваме легитимниот Томос за Охридската Архиепископија

Пендаровски на средба со Вартоломеј – го очекуваме легитимниот Томос за Охридската Архиепископија

2.73K
0

Претседателот  Стево Пендаровски во Фанар, седиштето на Вселенската Патријаршија, имал средба со Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј Први, архиепископ константинополски на Нов Рим и вселенски патријарх.

На средбата, како што информираат од кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски искажал благодарност до вселенскиот патријарх за посебната улога што ја има во надминувањето на црковниот спор и искажал очекување набрзо МПЦ-ОА да го добие легитилниот Томос за автокефалност на Охридската Архиепископија.

-Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите други. Поради тоа, очекуваме како држава и црква од врховното институционално тело во православието, да ни го додели официјалниот документ за црковна самостојност томос за автокефалност. Со одлуките на Вселенската патријаршија на нашата црква ѝ се признава правото на користење на името Охридска архиепископија, што значи црковен континуитет од 1 000 години. Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за ново и духовно растење на Охридската Архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Попалднево и Вселнската Патриајршија извести за средбта со претседателот на Северна Македонија. Во сооштението е надеведено дека Престедателот Пендаровски бил примен со посебни почести.

-Неговата Екселенција Господинот Претседател беше примен од вселенскиот патријарх г. Вартоломеј во Патријаршиската канцеларија, каде што имаа срдечна пријателска средба. На средбата присуствуваа и Митрополитот Халкидонски г. Емануел, како и г. Аетиос, директор на Специјалната патријаршиска канцеларија. Потоа, Неговата Светост ги пречека членовите на Претседателската делегација во престолската соба и ја изрази својата радост за посетата на Неговата Екселенција, Господинот претседател и неговата сопруга  на седиштето на Светата Голема Христова црква. Следеше размена на подароци, а пред неговото заминување господинот претседател се потпиша во книгата на гости на Вселенската патријаршија, стои во соопштението од Вселенската Патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *