Папата Лав XIV и Махмуд Абас во Ватикан: итен повик за прекин на конфликтот во Газа

Date:

Share post:

Во Ватикан се одржа средба меѓу поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, и палестинскиот претседател Махмуд Абас, на која двајцата разговараа за итната потреба од прекин на конфликтот во Газа и за обезбедување хуманитарна помош за цивилното население.

Како што соопшти Ватикан, папата ја повторил својата поддршка за решение со две држави како единствен пат кон траен мир меѓу Израел и Палестина.

„За време на срдечните разговори во Апостолската палата, двете страни ја нагласија итноста од доставување хуманитарна помош за цивилното население во Газа и ја потврдија важноста од прекин на конфликтот преку решение за две држави,“ се наведува во соопштението од Светата столица.

Средбата се совпадна со десетгодишнината од потпишувањето на Сеопфатниот договор меѓу Светата столица и Државата Палестина, кој го формализираше дипломатското признавање на Палестина од страна на Ватикан.

Ова беше првата директна средба меѓу папата Лав XIV и претседателот Абас, по неколкуте телефонски разговори што ги имале претходно.

Еден ден пред аудиенцијата, Абас ја посети базиликата Света Марија Маџоре, каде му оддаде почит на гробот на папата Франциско.

„Дојдов да го видам гробот на папата Франциско, бидејќи не можам да заборавам што направи за Палестина и за палестинскиот народ. Не можам да заборавам дека ја призна Палестина, без никој да го замоли да го стори тоа,“ изјави Абас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img