Папата Лав XIV денеска ќе биде примен во болница, предвидена е операција на белодробното крило

Date:

Share post:

Папата Лав XIV денеска, 13 октомври, треба да биде примен во римската болница „Џемели“, каде што ќе биде опериран за отстранување на мал, локализиран јазол на белодробното крило. Поради хоспитализацијата, сите негови аудиенции се откажани до 20 октомври, а дел од најавените црковни активности ќе се одржат со изменета програма.

Според Матео Бруни, директор на Прес-службата на Светата столица, приемот на папата во болницата е предвиден за денеска, во доцните утрински часови. Се очекува неговиот престој по операцијата да трае околу една недела.

Папата Лав XIV во неделата, за време на молитвата Ангел Господов, соопшти дека при неодамнешни медицински прегледи бил откриен мал, локализиран јазол на белодробното крило, поради што е планирана хируршка интервенција.

Бруни појасни дека станувало збор за рутински медицински прегледи. Во понеделникот претпладне, папата ги одржал сите претходно закажани аудиенции, и покрај најавената операција и престојот во болница.

Кардинал Тагле ќе ја предводи мисата во Ватикан

Хоспитализацијата на папата ќе влијае и врз програмата на средбата посветена на десетгодишнината од објавувањето на апостолската побуда Amoris laetitia.

Лав XIV нема да учествува на попладневната сесија на средбата во салата „Павле VI“, а нема да ја предводи ниту мисата закажана за 14 октомври на плоштадот „Свети Петар“.

Литургијата ќе ја предводи кардиналот Луис Антонио Тагле, про-префект на Дикастериумот за евангелизација и новиот декан на Колегиумот на кардиналите.

На мисата се очекува да присуствуваат учесници на средбата, меѓу кои претставници на источните цркви, претседатели на бискупски конференции, брачни парови и експерти.

Медицинската интервенција ќе го одложи и објавувањето на завршниот извештај од средбата. Според отец Коста, папата сакал лично да ги слушне заклучоците на учесниците и потоа да ги сподели своите размислувања.

Поради тоа, побарал извештајот да не биде објавен според првично планираниот распоред, туку најпрво да му биде презентирана неговата содржина. По излегувањето од болницата, Лав XIV планира да се врати на документот и на останатите материјали од средбата.

Во меѓувреме, до папата пристигнуваат пораки со поддршка од црковни претставници и политички лидери од различни делови на светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img