Папата клекна и им ги бакна нозете на лидерите од Јужен Судан – Ве молам останете во мир

Date:

Share post:

Папата Франциск клекна и им ги бакна нозете на водачите на Јужен Судан кои претходно меѓусебе војувале и ги повика да не и се вратат на граѓанската војна.

Папата му кажал на претседателот Салви Киру, неговиот поранешен заменик и водач на бунтовниците Рук Машару и на тројцата потпретседатели да го почитуваат примирјето кое го потпишале и да се посветат на формирање влада на национално единство.

– Ве молам како брат, да останете во мир. Ве молам со сето среце, да тргнеме напред. Ќе има многу проблеми, но тие нема да не обесхрабрат. Решете ги своите проблеми – рекол Папата.

Лидерите биле шокирани од гестот на 82-годишниот Папа, кој со помош на помошниците, клекна и им ги бакна чевлите на двајцата завојувани водачи и на неколку други луѓе во просторијата.

Ватикан ги собра јужносуданските водачи на целодневна молитва и проповеди во резиденцијата на Папата, во обид да ги намалат поделбите на спротивставените страни, еден месец пред формирањето на владата на националното единство во од војната уништената држава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img