Папата ќе патува во Никеја – со Вартоломеј заеднички ќе одбележат 1700 години од Првиот вселенски собор

Date:

Share post:

Папата Лав 14 ќе патува во Истанбул на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Средбата е најавена за чествувањето на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја.

Вселенската Патријаршија со сосопштение го поздрави претстојното доаѓање на Папата, искажувајќи радост.

-Вселенската Патријаршија со големо задоволство го поздравува претстојното доаѓање на Папата Лео XIV од Рим во Турција, како одговор на изразената желба и покана од Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, за заедничко чествување на историската 1700-годишнина од Првиот вселенски собор во Никеја.“

Според најавата, двајцата поглавари ќе патуваат заедно во Никеја на 28 ноември, каде што ќе се одржат главните свечености за овој јубилејот.

Папата ќе ја посети и Вселенската Патријаршија во Фанар на 29 и 30 ноември, за да присуствува на празникот на светиот апостол Андреј Првоповиканиот, кој е и основач на Црквата во Константинопол.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img