Почетна Вести Европа Папата го укина правилото што ги штити сексуалните престапници
Папата го укина правилото што ги штити сексуалните престапници

Папата го укина правилото што ги штити сексуалните престапници

271
0

Со укинување на правилото „понтификална тајна” со кое претходно се штителе сторителите, папата Франциско воведе големи промени во начинот на кој Римокатоличката црква ќе се справува со случаите на сексуална злоупотреба.

Овој потег ќе ѝ овозможи на Католичката црква документите кои се однесуваат на случаи на сексуална злоупотреба во рамки на црквата да ги предаде до цивилните власти. Имено, иако некои црковни подружници веќе го прават ова во многу земји, оваа практика не е универзална, пренесува Си-ен-ен.

Со новото правило исто така се забранува наметнување на обврската за молчење на оние кои пријавуваат сексуална злоупотреба или тврдат дека се жртви.

Декларацијата е објавена на 83-от роденден на папата Франциско.

Правилото, познато како понтификална тајна, е укината и за оние кои во Ватикан сведочат на судења за такви злосторства.

Според информациите во случаи на злоупотреба, треба да се однесува со „безбедност, интегритет и доверливост“, рече папата.

Тој им нареди на службениците во Ватикан да го почитуваат граѓанското право, истовремено да ја одржуваат доверливоста и да им помагаат на властите во истрагата на овие случаи.

Папата ја смени и ватиканската дефиниција за детска порнографија, зголемувајќи ја возраста од 14 и повеќе на 18 и повеќе години.

Укинувањето на „ понтификалната тајна“ беше едно од клучните барања на црковните водачи на самитот за сексуални злосторства во февруари во Ватикан.

„Ова е епохална одлука“, рече малтешкиот надбискуп Чарлс Скиклуна, еден од најискусните истражувачи на случаи на сексуална злоупотреба.

Тој посочува дека понтификалната тајна веќе не може да биде изговор за да не се споделуваат информации за сексуална злоупотреба на малолетни лица со државните тела или жртвите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *