Папата Франциск со порака до политичарите: Грижете се за својата држава, а не за својата политичка партија

Date:

Share post:

Папата Франциск во денешната миса ги повика политичарите заеднички да се борат против кризата предизвикана од новиот коронавирус.

– Се молиме за политичките партии од различни земји во време на пандемија заеднички да се залагаат за благосостојба на земјата, а не за благосостојба на сопствената партија, истакна папата Франциск.

Во последните шест недели, од избивање на епидемијата во Италија, приватните утрински миси на папата Франциско се пренесуваат во живо на телевизија. На мисата присуствуваа само неколкумина блиски соработници на поглаварот на Римокатоличката црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img