Почетна Вести Папата Франциск: Мартин Лутер беше паметен човек загрижен за Црквата
Папата Франциск: Мартин Лутер беше паметен човек загрижен за Црквата

Папата Франциск: Мартин Лутер беше паметен човек загрижен за Црквата

206
0

Папата Франциск вчера во Шведска ги призна добрите страни на Реформацијата што ја покрена Мартин Лутер, повикувајќи на продолжување на дијалогот со Лутеранците, кои пред 500 години се одвоија од Рим.

papa-vo-svedskaФранциск е првиот Папа што ја посетил Шведска во последните речиси 300 години, кој од заедничката молитва со Лутеранците ги повика двете страни да ги исправат грешките и побара меѓусебна прошка.

Германскиот свештеник, Мартин Литер ја покрена Реформацијата во 1517 година, објавувајќи 95 тези во кои ја критикувал Католичката црква за корупција, непотизам, лихварство… Тоа предизвика голем и длабок раскол, но и политичка поделба на Европа, што беше повод за 30 годишната војна.

Во своето обраќање за време на заедничката молитва во Шведска, Папата призна дека Мартин Лутер и реформацијата донеле нешто добро.

-Со благодарност признаваме дека Реформацијата овозможи Светото Писмо да биде многу повеќе во средиштето на животот на Црквата. Мартин Лутер беше паметен човек, кој бил загрижен поради корупцијата и желбата за власт, кои во тоа време владееле во Католичката црква. Како Католици и Лутерани тргнавме по патот на помирувањето, изјавил Папата Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *