Почетна Вести Папата Франциск го осуди терористичкиот напад во Истанбул
Папата Франциск го осуди терористичкиот напад во Истанбул

Папата Франциск го осуди терористичкиот напад во Истанбул

81
0

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, го осуди терористичкиот напад во Истанбул, извршен на новогодишната ноќ, во кој загинаа 39, а беа повредени повеќе од 60 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

papa-francisk-12Папата на мисата на плоштадот Свети Петар во Ватикан изјави дека е потресен од терористичкиoт напад извршен во новогодишната ноќ, која се карактеризира како „ноќ на добри желби и надежи“.

Тој порача дека неговите молитви се со загинатите, нивните семејства, повредените и со целиот турски народ. Папата изрази жалење поради болката што тероризмот им ја нанесува на луѓето ширум светот.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *