Верски календар: 31 март
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Амос.
Светото писмо познава четири големи и 12 мали пророци. Во малите пророци се вбројува и Амос, роден во осмиот век. Бил овчар и носител на една голема Божја порака. Неговиот сиромашен живот во него ја развил смислата за Божјата големина, за неговото владеење со светот. Неговите социјални мисли биле современи. Амос ги бранел сиромашните луѓе бидејќи биле многу искористувани.

