Почетна Вести Христијанство Oтец Оливер : Од овој свет можеме да ги понесеме само добрите дела и љубовта што ќе ја оставиме позади нас
Oтец Оливер : Од овој свет можеме да ги понесеме само добрите дела и љубовта што ќе ја оставиме позади нас

Oтец Оливер : Од овој свет можеме да ги понесеме само добрите дела и љубовта што ќе ја оставиме позади нас

285
0

Хуманитарната организација „Свети Спас“ на Скопската православна епархија при МПЦ – ОА, што фукционира со помош на донациите на многу хумани граѓани и фирми, во месец март израдува многу семејства на кои им требаше помош, особено храна. Оформена е со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и засега им помага на преку 350-тина семејства на кои што континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека… Многу често на нивната страна ќе се видат статуси како се бара помош за некое лице, семејство или дете, во вид на храна, средства за хигиена или мебел, санитарија…, но и одговори од луѓе кои сакаат да го дадат тоа што се бара, па дури и повеќе.

Oтец Оливер Петровски ја води оваа хуманитарна организација и секојдневно преку социјалната мрежа Фејсбук, но и насекаде каде што може бара помош за оние на кои што тоа им е најпотребно и им се заблагодарува на оние кои донираат.

Тој вели дека оваа хуманитарна организација функционира пет години и (околу) три месеци, а до моментот до кога го направивме разговорот, имаат поделено 324 пакета за месец март, или 6 и пол тони храна и хигиенски средства.

-Живеам за оној ден кога ќе нема потреба од ниту една хуманитарна организација, буквално сите да ги затвориме. Знам дека е утопистички, но надежта последна умира. Се надевам и верувам дека дека тој ден ќе дојде, можеби нема да го доживеам, но сакам нашите поколенија да живеат во таков свет, каде што нема да има себичност, нема да има болки, ќе има само радост, сите ќе бидат со насмеани лица и вера во Господ, вели Петровски.

Какви се потребите, каде најчесто помагате?

-Помагаме на социјално загрозени семејства и исто така имаме корисници од еднородителските семејства. Околу 50 проценти од нашите корисници се самохрани мајки кои побарале помош од нас. Знам дека кај нас постојат многу здруженија за самохрани родители, но навистина се чудам зошто тие не пружат конкретна помош, туку само совети, а сепак користат државни бенефиции. На гладниот човек не му е потребен совет. На гладниот човек му е потребна храна. Залудно е сега јас некаде да појдам и на некого да му „солам памет“, ако истиот тој не ме ни слуша затоа што му кркорат цревата. Иако во Македонија постојат илјадници здруженија, зависници од државните и меѓународните грантови, сепак би ги замолил повеќе да се вклуачат и со конкретна помош, а не само со држење предавања и така натаму. За едно предавање се трошат илјадници евра, замислете со тие пари колку луѓе може да се нахранат. Мораме малку повеќе да се свртиме кон практичниот дел, не само кон теоретскиот.

Какво е чувството да се донира?! Зошто треба да се донира?

Од многу причини, Прво според заповедите на нашиот Господ, Исус Христос една од најголемите христијански доблести е токму човекољубието, токму милосрдието. Самиот Господ Исус Христос ни дал многу примери, како треба да постапуваме со оние кои немаат. Дури и во Светото писмо, во Новиот завет има, така да кажам закони, или наредби од светиот апостол Павле, како треба да се грижиме за старите изнемоштени лица, за вдовиците, за сирачињата..,

Вториот аспект е духовното задоволство. Оној кој не донирал, никогаш нема да го дознае тоа задовоство и среќа што душата и срцето на човекот го имаат тогаш кога ќе подадат. Човекот, како материјално битие, обично тежнее кон материјалното, но секогаш го заборава духовното. Она што е најголем проблем на денешницата e фактoт дека сите ние се трудиме да зграбиме повеќе. Меѓутоа, дали ние сме свесни дека еден ден ќе застанеме пред лицето на Господ и ќе треба да дадеме отчет. Дали ако го придобиеме целиот свет ќе останеме бесмртни, или како што велат старите, повторно ќе се вселиме во „два квадрати“. Значи, нашето место и она што можеме да го понесеме од тука се знае, можеме да ги понесеме само добрите дела, само љубовта што ќе ја оставиме позади нас. Бесмртноста може да се достигне само на тој начин, со добрите дела што ќе ги оставиме на овој свет.

Повеќе на линкот: Позитивно.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *