Осквернавен манастирот Матејче – откопани коски на починати

Date:

Share post:

Во Полициското одделение Матејче завчера од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“  во село Матејче, општина Липково,  кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во објектот каде било извршено копање на подот.

Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква.

Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here