Ортодокс Тајмс: Бугарскиот патријарх размислува за посета на Фанар

Date:

Share post:

На седница на Светиот Синод на Бугарската црква се очекува патријарх Даниил да го отвори прашањето за неговата посета на Вселенската патријаршија, пишува главниот уредник на Orthodox Times, Ефи Ефтимиу.

По вчерашната приватна средба меѓу Вселенскиот и Бугарскиот патријарх, според информациите на медиумот, се отвора патот за мирна посета на Бугарскиот патријарх во Цариград.

Патријарх Даниил од понеделник, 29 септември, е во Солун, каде што учествува на научната конференција организирана по повод 100-годишнината на списанието „Теологија“. Ова е неговата прва посета на Грција откако беше избран за патријарх на Бугарија на 30 јуни 2024 година.

Од тој ден патријарх Даниил нема остварено посета во Фенер, како што е вообичаено за новоизбраните поглавари на црквите, иако помина повеќе од една година, потсетува Ефтимиу. Тој исто така наведува дека албанскиот архиепископ Јован патуваше во Фенер и сослужуваше со Вселенскиот патријарх набрзо по неговиот избор за поглавар на Албанската црква.

Извори запознаени со прашањето изјавиле за Orthodox Times дека патријарх Даниил размислува да го направи тоа патување во Цариград кон крајот на оваа година или на почетокот на следната. Истите извори нагласуваат дека тој всушност ќе го стави ова прашање на дневен ред на следната седница на Светиот Синод на Бугарската црква на 20 октомври. Дали тоа ќе се случи – останува да видиме.

Значењето на ваков чекор има повеќе димензии. Како што истакнуваат запознаени лица: „Доколку патријарх Даниил го посети Вселенскиот патријарх во Фенер, тоа нема да биде изненадување. Двете цркви се во заедништво, нивната комуникација никогаш не престанала и ќе има двајца поглавари кои ќе сослужуваат. Во тоа нема ништо необично.“

Единственото важно прашање што може да се додаде е: зошто тоа не се случи досега? Патријарх Даниил веќе заминал од Солун и утре нема да служи на заедничката архиерејска литургија на поглаварите кои учествуваат на конференцијата.

/hristijanstvo.bg

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img