Околу 2.400 млади православни христијани од Романија, романската дијаспора и други земји од 31 август до 3 септември ќе учествуваат на Меѓународната средба на православната младина во Букурешт.
Годинашната средба, која се одржува со благослов на романскиот патријарх Даниел, е посветена на темата „Младите, семејството и животот во Христа“.
На четиридневниот собир ќе учествуваат млади на возраст од 16 до 35 години, а програмата ќе опфати молитви, разговори, дружење и активности посветени на христијанската формација.
Меѓународната средба на православната младина се организира од 2014 година и во изминатите години се одржувала во повеќе романски градови. Домаќини биле Баја Маре, Клуж-Напока, Букурешт, Јаши, Сибиу, Крајова и Темишвар.
Овогодишното издание се одржува во рамките на „Свечената година на пастирската грижа за христијанското семејство“ и „Комеморативната година на светите жени во календарот“, посветена на мироносиците, маченичките, монахињите, сопругите и мајките.
Организаторите најавуваат дека младите ќе разговараат за теми кои директно го засегаат нивниот живот – семејството, животниот повик и христијанскиот идентитет во општество кое постојано се менува.
Средбата во Букурешт е една од најголемите младински иницијативи на Романската православна црква и има цел да создаде простор за средба и размена меѓу младите православни верници од различни земји и средини.

