Јавното обвинителство го чека на распит поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.. Ќе одговара ли за говор на омраза? Потврдуваат дека пристигнала документацијата од Министерството за внатрешни работи и отвориле случај откако Хелсиншкиот комитет поднесе кривична пријава против него.
„Случајот е предаден на надлежен јавен обвинител кој ќе постапи по пријавата. Исто така поглаварот на Исламската Верска Заедница е повикан да даде изјава во обвинителството.“ – велат од Основно Јавно Обвинителство.
Од ИВЗ велат дека изјавата на Реџепи е извадена од контекст, и дека во ниту еден момент Реџепи не споменува „Македонци“, а кога зборува на див и непримерен народ без идентитет мислел на жителите во село Лажец, каде се уште немало изградена џамија.
