Почетна Вести Новогодишен хуманитарен базар – средствата наменети за социјално загрозени семејства
Новогодишен хуманитарен базар – средствата наменети за социјално загрозени семејства

Новогодишен хуманитарен базар – средствата наменети за социјално загрозени семејства

140
0

Во организација на Здружение ,,Златно Перо‘‘-Битола и Хотел Епинал Битола, во сабота на 21 декември во Битола ќе  биде организиран новогодишен хуманитарен базар. Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за пакети за храна за 100 социјално загрозени семејства.

-Сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз. Па оваа година имаме можност да бидеме вистински Дедо Мразовци за дечињата од социјално загрозени семејства. Ајде заедно 21 декември од 10 до 18 часот ,,ДА ЈА ПРЕТВОРИМЕ БИТОЛА ВО НАЈУБАВА НОВОГОДИШНА БАЈКА‘‘, велат организаторите.

Локацијата на настанот ќе биде во Летна Бавча хотел ,,Епинал‘‘. Право на учество ќе имаат преставници на мали, средни, големи претпријатија,занаетчии кои изработуваат (накит, колачи), слаткарници, винарии, ресторани, пицерии, продавници за украси, доколку немаат готов производ може и само ваучер за услуга, здруженија на граѓани, училишта, градинки, факултети.

Во програмата на настанот се предвидени и серија забавни делови, како и дебати посветени на Сиромаштија ,фрлањето на храна и Банкарството за храна.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *