Новиот руски амбасадор Димитриј Зиков имал прва официјална средба со Архиепископот Стефан. На 18 јуни, Амбасадорот на Русија бил примен од архиепископ Стефан, а на средбата присуствувал и секретарот на Синодот, епископот Климент.
Скопската епархија сподели фотографии од средбата, но без детали за разговорите.
Руската амбасада пак напиша дека биле разгледувани прашања за духовната соработка и традиционално пријателските односи меѓу РПЦ и МПЦ-ОА.

