Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшто дека од 79 нови случаи на заболени од коронавирус во последните 24 часа, 63 се во Киево-Печерската лавра. Сто тоа вкупниот број на заразени во најголемиот манастир во Украина надмина 90. Еден од првозаразените е Игуменот – Митрополит Павел, кој вчера бил хоспитализиран во болницаата во Киев со компликации на пневмонија.
Клично изјави дека во лаврата е испратена мобилна медицинска екипа, која треба да ја следи состојбата.
Завчера почина првиот заболен, Архимандрит Нектариј , кој бил на 73 годишна возраст.
Вчера во болница починал и уште еден клирик на лаврата, 47 годишниот јероѓакон Наум. Вкупно хоспитализирани од лаврата во болница се 12 лица.
Киево-Печерската лавра беше затворена со карантин на почетокот од април, откакко неколкумина монаси добиле симтоми на пневмонија. Имгуменот, митроплит Павел изјави дека „ ние не сме ангели и исто така имаме право да боледуваме. Сите имаме белодробни проблеми и вирусни инфекции.“ Тој одбиваше да ги почитува мерките за безбедност и ги повикуваше луѓето да се собираат во храмовите.
При тестирање прво беа потврдени четворица позитивни, а по два дена уште 26.
/dveri.bg

