Почетна Вести Европа Неонацист погребан во поранешен гроб на еврејски професор во Германија, Протестантската црква го осуди чинот
Неонацист погребан во поранешен гроб на еврејски професор во Германија, Протестантската црква го осуди чинот

Неонацист погребан во поранешен гроб на еврејски професор во Германија, Протестантската црква го осуди чинот

79
0

Германската Протестантска црква и повеќе други организации го осудија случајот во Германија, во кој еден неонацист бил погребан во гроб во кој порано почивал Евреин – професорот Макс Фридлендер, пишува Би-би-си.

Посмртните останки на професорот биле преместени во друг гроб во 1980 година, но на гробиштата во близина на Берлин сѐ уште стои надгробниот споменик со неговото име.

Во петокот, во гробот бил погребан човек кој бил познат како негатор на Холокаустот, како и по неонацистичките убедувања.

Локалниот епископ Кристијан Штеблајн го нарече случајот на едно од најголемите протестантски гробишта во земјата, Штансдорф кај Потсдам, „ужасна грешка“.

Професорот Фридлендер, кој починал во 1934 година, бил од еврејско семејство, но бил член на Протестантската црква. Тој бил бас-пејач и музиколог специјализиран за делата на Франц Шуберт.

Според германските медиуми, човекот кој сега почива во гробот е Хенри Хафенмаер, познат негатор на Холокаустот и блогер со врски до неколку неонацистички групи. Неонацистите поставиле венци на гробот и ленти со симболот на железниот крст од нацистичката ера. Тие поставиле и портрет на Хафенмаер пред надгробната плоча со името на Фридлендер.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *