„Нема геј и хетеро крштевки“ – цврст став на архиепископ Елпидофор

Date:

Share post:

Во интервју за Realnews, Архиепископот на Америка г. Елпидофор се осврнал на контроверзијата околу крштението на две деца од истополово семејство – настан кој во 2022 година предизвика силни реакции во делови од Грција и во црковни кругови.

Архиепископот изјавил дека не жали за својата одлука и дека, доколку се најде во иста ситуација, би постапил идентично: „Би го извршил крштението повторно. Не жалам што крстив две деца.“ Сепак, тој признал дека не ја предвидел политичката и медиумската експлозивност што следела по настанот: „Можеби не би го направил во Грција, и сигурно не на начинот на кој се разви тогаш. Не можев да замислам какви политички конотации ќе му дадат одредени црковни кругови, ниту нивните врски со политички играчи.“

Најсилната негова критика била упатена кон толкувањата дека постои разлика меѓу „геј“ и „хетеро“ крштевки:„Не прифаќам поделби на ‘геј крштевки’ и ‘хетеросексуални крштевки’. Таквите разлики го изобличуваат учењето на Евангелието. Црквата крштава деца – таа не ги категоризира своите тајни.“

Архиепископот Елпидофор потсетил дека душегрижништвото за децата е над сите идеолошки или политички толкувања, нагласувајќи дека крштението не служи за оценување на родителскиот статус, туку за воведување на детето во животот на Црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img