Почетна Вера МПЦ-ОА Не помина без инцидент: Фаќачите на крстот во Крива Паланка се туркаа и влечеа

Не помина без инцидент: Фаќачите на крстот во Крива Паланка се туркаа и влечеа

149
0

Не ретко доаѓа до инциденти при чинот на фрлање и фаќање на крстот во водите за Водици.

Годинава, видео од еден таков инцидент стана вирално на социјалните мрежи, а доаѓа од Крива Паланка каде крстот се положуваше во водите на Крива Река, во центарот на градот.

Многумината присутни сведочеа за турканицата која настанала околу фаќањето на крстот.

Во моментот кога крстот бил положен во водите, неколку од учесниците се закошкале околу него. Тие продолжиле да се влечат за крстот, додека свештените лица од мостот апелирале да се разделат. „Немојте да се борите доле за крстот, крст примате“, се слуша во видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Тука нема “победник”, ова се прави од срце, за благослов а не за натпреварување, велат кривопаланчани.

/Скопско ехо

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *