Почетна Репортажа Видео Над 3000 верници за Велигден во Бигорски

Над 3000 верници за Велигден во Бигорски

232
0

Мир и спокој ги спои илјадниците верници од цела Македонија кои христовото воскресение го дочекаа во Бигорскиот манастир.

Конаците не беа доволни да ги сместат сите верници кои сакаа да преноќат. Повеќе од двојно луѓе од капацитетот беа најавени дека ноќта ќе ја поминат во манастирот.

Ивица Мисајлевски од Кичево речиси секој Велигден го дочекува во Бигорскиот манастир. Вели, многу често оди во манастири, но никаде не е како тука.

-Монасите имаат добра душа… Некако, не знам. Не знам што не влече, посебна енергија има тука.

Меѓу верниците имаше и познати личности. Пејачот Ламбе Алабакоски и првата каратистка на олимписките игри во Токио, Пулексенија Јовановска велат дека мирот го наоѓаат токму во овој манастир.

-Бигорски е докажан манастир кадешто навистина велелепно се слави Велигден, како и другите празници, но Велигден посебно. Уште пред 12 години за првпат присуствував на Велигден тука, оттогаш секоја година доаѓав тука, а потоа и со семејството, вели Алабакоски.

-Кога вистински пронајдов духовен мир и љубов тоа беше во Бигорскиот манастир, тоа беше во 2013 година кога осетив. Ден денес и се што правам и сите мои успеси се од љубовта и благословот на на отецот.

Највеличенствена радост кога се чека Велигден во Бигорски е пристигнувањето на благодатниот оган.

Полнотата и радоста за Велигден продолжува со воскресната велигденска литургија.

/СИТЕЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *