МПЦ-Охридската Архиепископија испратила емисар во Москва на средба со шефот на руската црковна дипломатија, Митрополитот Антониј. Станува збор за јеромонахот Атанасиј од Скопската епархија. Веста ја објави информативната служба на одделот за надворешни работи на РПЦ, но без некои погиолеми детали.
Во веста пишува дека на 23 јули 2024 година, (денеска, што значи дека емисарот на МПЦ-ОА се уште е во Русија (зб.на ред.)) во Одделението за надворешни црковни врски (ОНЦВ) на Московската патријаршија, во Москва, се одржа средба помеѓу претседателот на ОНЦВ, Митрополитот Волоколамски Антониј и претставникот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, свештенослужител на Скопската Епархија, јеромонах Атанасиј (Арсоски).
-Учесниците на состанокот разговараа за соработката помеѓу Руската и Македонската православна црква, особено во издавачкиот сектор, како и за други прашања од заеднички интерес. На средбата учествуваше и заменик-претседателот на ОНЦВ протојереј Игор Јакимчук, стои во соопштението.
Од ова соопштение единствено може да се разбере дека МПЦ-ОА, наверијатно ќе почене со превод и издавање на руска црковна литература, што симболички може да се толкува и како зајанување на руската црковна пропаганда, бидејќи под соработка од издавачки сектор нема што друго да се случува, за да некој толку далеку патува за таков вид на сортаботка. Иако е форма на општа флоскула, сепак „други прашања од заеднички интерес“ е практично суштината на оваа посета. Што имаат тоа МПЦ-ОА и Руската црква заедники интерес, кога 95 проценти од православните цркви ја одудуваат како еретичка руската црковна политика во односот на војната во Украина. Додека другите цркви се дистанциираат од Цркова Москва, МПЦ-ОА праќа свои емисари во Моска за да утврдат соработка од заеднички интерес. Што е заедничкиот интерес? Воведување на молитвата на Кирил во литургиите за победа на Света Рус во војната во Украина?
Синодот на МПЦ-ОА, на јавноста и должи сериозно објаснување за оваа емисарска посеата на клирик од Скопскат Епархија на Москва,


Пуф … повторно не стигнаа вас да ве консултираат претходно …
Почекајте, ќе ви објаснат …
Емисар? Секако, вашите црни фантазии немаат крај. Исто како вашиот талент за пронаоѓање еретици и новомаченици. Но, во молитвата за Света Русија нема ништо застрашувачко, па ни еретичко. Тоа не е молитва за криминална Русија, или за наркоманска Русија, или за коцкарска Русија, дури не е ни за херојска Русија, туку за Светата Русија. Ако победи една таква Русија, блазе си му на светот. Ама што знае еден наемнички џган за природата на јазикот! Важно е да се плука и да се заслужи хонорарот. Се’ друго бара малку светлинка во главата, а светлинката ја нема, зашто ни покајание нема. А Светата Русија е сепак голема, огромна на пример.