Можност за поголема духовна поткрепа за пациентите во струмичката болница

Date:

Share post:

Струмичката епархија прави напори за соработка со струмичката болница, преку која на пациентите би им се овозможила поголема достапност на духовници од црквата за духовна поткрепа и помош.

За таква соработка, вчера разговарале викарниот епископ Стобиски Јаков, кој бил на велигденска посета во болницата и директорот.

-Епископот беше примен и од директорот на болницата д-р Гоце Христов со којшто разговараа за можностите за заедничка соработка, преку поголема достапност на духовниците на Црквата за здравствените установи и пациентите за нивна духовна поткрепа и помош, велат од Епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img