Почетна Вести Европа Московскиот патријарх Кирил нареди службите во Страсната седмица и Пасха да бидат без учество на мирјани
Московскиот патријарх Кирил нареди службите во Страсната седмица и Пасха да бидат без учество на мирјани

Московскиот патријарх Кирил нареди службите во Страсната седмица и Пасха да бидат без учество на мирјани

830
0

Патријархот московски и на цела Русија Кирил издаде заповед службите во Московската епархија за Страсната седмица и Пасха да бидат отслужени без учество на мирјани. Во неговото писмо до клирот на епархијата се вели:

„Во текот на последните седмици првопрестолниот град и московската област беа опфатени од тешка болест, која го погубува здравјето и одзема животи на луѓе. Лекарите, кои прават многу усилби за победа над болеста, потенцираа и потенцираат дека основно средство против нејзиното распространување, а како резултат на тоа погибелта и тешките последици за здравјето на многу луѓе, е ‘социјалната изолација’, т.е. неотстапното останување во своите домови.

„Во вакви услови, грижејќи се за животот и здравјето на луѓето, Светејшиот патријарх на Москва и на цела Русија Кирил, со болка во срцето ги повикува православните христијани, исполнувајќи ги препораките на санитарните власти, да се воздржат од посетување на храмовите и да останат во своите живеалишта, извршувајќи домашна молитва и да ги гледаат богослуженијата на телевизија.

„За жал, санитарните власти соопштуваат дека во московската област ситуацијата продолжува да се влошува. На 10 април 2020 г. растот на заболените е 17%, а болни се скоро десет илјади души. Понатамошно задржување на слична динамика може, според сведоштвата на лекарите, да доведе до катастрофални последици.

„Болеста ги стигна и свештенослужителите во неколку московски храмови. Богослужението во нив е привремено прекинато, а нивните клирици се ставени под задолжителна самоизолација.

„Наредуваме, во рамките на роковите востановени од главниот државен лекар на Москва, богослужението да се извршува само со учество на клирот во храмот, како и на соработниците и доброволците, чие присуство е неопходно. По крајот на Литургијата на Влегувањето Господово во Ерусалим, да им се соопшти на парохјаните за препораките на главниот државен лекар на Москва и тие да бидат утешени со татковско слово“.

Волоколамскиот митрополит Иларион изјави дека со мали отстапки руските свештеници се однесуваат одговорно и прават сè што е можно за да ги заштитат парохјаните. Тој ги спореди со фарисеите оние клирици кои се користат со ситуацијата за да демонстрираат „бестрашност“, додека всушност пројавуваат неодговорност за здравјето на доверената им паства.

Во Москва болните се скоро десет илјади души, а починатите педесет и осум. Секој ден во руската престолнина се разболуваат над илјада души. Осум московски свештеници се болни, дел од нив се примени на болничко лекување, а за тројца се потврдува дијагнозата. Информацијата излегува официјално од Работната група при Московската патријаршија за координирање на дејноста на црковните институции во услови на епидемијата.

Црквата не ја крие информацијата за болните свештеници, но ги затвора храмовите за да ги запази нивните собраќа и верниците, кои би се заразиле при близок контакт. Клириците од тие храмови се во самоизолација и немаат контакт со верниците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *