Монахињата Ефимија стана магистер по право – одбрани теза за концептот на традиционално семејство наспрема другите концепти

Date:

Share post:

Сестра Ефимија од Манастирот на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица одбрани магистрески труд на катедрата за Уставно право и политички систем, на Правниот факултет Јустинијан Први. Магистерскиот труд носи наслов: „Карактеристики и предизвици на традиционалната форма на семејството. Компаративна анализа со посебен осврт на Северна Македонија“, а е под менторство на проф. д-р Александар Спасеновски. Членови на комисијата при одбраната биле и реномираните професори: проф. д-р Рената Дескоска и проф. д-р Елена Игновска.

Станува збор за исклучително редок од оваа област, особено што доаѓа од лице од Црквата. Членовите на комисијата монахињата Ефимија покажала со длабоко познавање и посветеност, демонстрирајќи високо ниво на академска способност и критичко размислување.

-Им изразуваме благодарност на менторот проф. д-р Александар Спасеновски и на останатите членови на комисијата за нивниот труд и поддршка, а на монахињата Ефимија ѝ упатуваме најискрени честитки за успешната одбрана и благопожелби за понатамошни успеси во академскиот живот и пред сè, непрестаен устрем кон Господа Исуса Христа, „во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето“ (Колос. 2,3), велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img