Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја бранеше законската одредба за платите на грчките владици, тврдејќи дека таа одговара на долгогодишно барање на Грчката православна црква, притоа констатирајќи дека платите на некои мифтии во Грција се повисоки од платите на владиците на ГПЦ.
-Тешко ми е, господине Хаѕиниколау, да прифатам дека платата на еден митрополит, кој во секој случај раководи со една голема митрополија, ќе биде значително пониска од платата на еден муфтија. И тука ќе застанам, изјавил Мицотакис.
Мицотакис тврдеше дека конкретната одредба претставувала долгогодишно барање на Јерархијата на Грчката православна црква и истакна дека владата оценила дека сега е дојден моментот тоа барање да биде исполнето. Како што наведе, платите на митрополитите се утврдуваат на 90 проценти од платата на генерален секретар на министерство, нагласувајќи дека митрополитите вршат значајни административни должности во своите црковни области.
Истовремено, премиерот потсети дека претходеле владини интервенции во корист на парохиското свештенство, а особено обезбедувањето на органските работни места на клириците, говорејќи за решавање на прашање кое останувало нерешено со децении.

