Премиерот Христијан Мицкоски вчера беше во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде присуствуваше на Божествената Литургија што ја служеше митрополитот Кумановско-осоговски Григориј. Со премиерот беше и проанешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.
Посетата се совпадна со претразнчното чествување на Успението на Пресвета Богородица.
По Литургијата, премиерот се огласи со порака за значењето на македонските свети места и нивното наследство.
„Нашите свети места се потсетник на вредностите што нè обединуваат – верата, достоинството, почитта кон минатото и одговорноста кон идните генерации“, порача Мицкоски.
Тој додаде: „Да го чуваме и почитуваме она што ни е оставено во наследство“.
Од Кумановско-осоговската епархија, пак, наведоа дека присуството на Мицкоски на празничните литургии во манастирот е континуирано и дека на тој начин се придонесува кон одржувањето на традицијата и споменот на Свети Јоаким Осоговски.







