Почетна Вести Христијанство Митрополитот од Вселенската Патријаршија: Патријархот е свесен за стапиците кои се поставуваат пред Охридската Архиепископија
Митрополитот од Вселенската Патријаршија: Патријархот е свесен за стапиците кои се поставуваат пред Охридската Архиепископија

Митрополитот од Вселенската Патријаршија: Патријархот е свесен за стапиците кои се поставуваат пред Охридската Архиепископија

7.42K
1

Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, од Вселенската Патријаршија, кој неколку дена беше во Македонија на покана на Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј вели дека Вселснкиот патријарх Вартоломеј е свесен за пречките кои ги поставуваат оние кои не сакаат автокефалност за Охридската Архиепископија, но сепак продолжува напред кон конечно решение на деценискиот проблем.

По литургијата во Бигорскиот манастир, со епсикопот Партениј за годишнината од одлуката на Вселенската паатријаршија да ја врати МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни православни цркив, митрополитот г. Кирил изјавил дека  Вселенски Патријарх Вартоломеј и Синодот на Патријаршијата донеле важна одлука и покрај сите противања.

– нашиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј и нашиот Свештен Синод одлучија, и покрај сите тешкотии и пречки што некои луѓе ги поставуваат и продолжуваат и сакаат да ги поставуваат, да ја поправи неправдата и да го востанови општењето со вас, што толку години ве имаа на маргините како расколнички клирици. И после толку години изолација, осаменост, казнување, обвинувања, клевети, повторно станавте дел од едната, света, соборна и апостолска Црква. Патријархот со своите смелост и храброст што ги поседува, ги надмина сите пречки и продолжи напред. Ги виде стапиците, а ги знае дури и оние што се поставуваат сега, но имајќи доверба во Охридската Архиепископија, знае дека сега оваа Црква нема уште еднаш да ја предаде Вселенската Патријаршија. Се надеваме дека Архиепископот Охридски г. г. Стефан и архиереите се трудат и се борат да ги стават работите во ред, та да се надминат некои практични тешкотии што толку години се имаа вгнездено. Да се надминат и така да дојдеме до многупосакуваниот момент, кога Охридската Архиепископија ќе го добие од чесните раце на Вселенскиот Патријарх Томосот за автокефалност, изјавил митрополитот од Вселенската Патријаршија.

-Ѝ честитаме на Охридската Архиепископијата. Ѝ посакуваме и се молиме со добро да си дојде сè на свое место и да дојде томосот за автокефалност, та овој ден да биде јубилеен ден на радост и веселие за сите луѓе во оваа земја, потенцирал, Митрополитиот Кирил.

Коментар(1)

  1. Лага до лага, манипулација до манипулација.. На што спадна псевдовселенското псевдоправославие. Трагедија!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *