Почетна Вести Европа Митрополит Иларион Алфеев ѝ вети на Грузиската црква петто место во диптисите
Митрополит Иларион Алфеев ѝ вети на Грузиската црква петто место во диптисите

Митрополит Иларион Алфеев ѝ вети на Грузиската црква петто место во диптисите

268
0

Во свое интервју за грузиски медиуми, од 26 јануари оваа година, Волоколамскиот митрополит Иларион Алфеев изрази увереност дека мудроста на патријархот Илија ќе надвладее и тој нема да ги послуша советите на младите епископи, кои сакаат Грузиската црква да ја признае новата независна Православна црква во Украина.

Според него, Грузиската црква може само да добие, ако застане на страната на Москва во нејзината борба со Константинопол.

-Не можам да замислам Грузиската црква да ја признае автокефалијата на Украинската црква создадена од Константинополската патријаршија. Повеќето од православните епископи на Грузиската православна црква ја разбираат црковната актуелност и како тоа решение може да се одрази на Грузиската црква. Има млади епископи, кои отворено или тајно го повикуваат патријархот да ја признае автокефалијата на Украина, но јас сум сигурен дека тоа нема да биде. Грузиската православна црква реши да не оди на Соборот во Крит и ние покажавме солидарност кон неа и ниту ние не отидовме. Грузиската православна црква сака да има шесто место во православната јерархија и ние ја поддржавме. Во нашите диптиси таа го зазема шестото место. И сега, кога патријархот на Константинопол ќе биде избришан од диптисите, Грузија ќе го заземе петтото место. Додека во диптисите на Вселенската патријаршија Грузија е на деветто место и никој нема намера да го преразгледа тоа, изјавил Алфеев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *