Митрополиот на Лариса говореше за предизвиците за верскиот соживот во ЕУ

Date:

Share post:

Митрополитот на Лариса, Јероним, престојуваше во Брисел по покана на Европската народна партија, каде учествуваше на конференција посветена на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог во рамките на Европската унија.

Конференцијата, насловена „Преиспитување на дијалогот на Европската унија со религиите (член 17 од Лисабонскиот договор)“, се одржа под претседателство на грчкиот европратеник Евангелос Меимаракис и со координација на хрватската европратеничка Жељана Зовко.

Претставувајќи ја митрополијата на Лариса, тој направи краток историски осврт, истакнувајќи дека нејзините корени се поврзуваат со апостол Андреј, додека митрополитскиот статус е воспоставен пред околу 1700 години, во времето на свети Ахилиј. Митрополитот се осврна и на историското искуство на регионот во односите со другите религии. Тој потсети дека по присоединувањето на Тесалија кон Грција во 1881 година во регионот постоело значително муслиманско население. Според него, тогашната грчка држава, водена од православната традиција, им понудила заштита и можност да останат во своите домови. Тој наведе и пример дека тогашниот митрополит на Лариса, Неофит, помогнал во организирањето на транспорт за најсиромашните муслимани кои решиле да се иселат, за да можат безбедно да стигнат до Солун.

Говорејќи за современите предизвици, митрополитот Јероним изјави дека не се плаши од соживот со муслиманските заедници во Европа, но предупреди дека е загрижен поради можноста за манипулации со религијата. Тој исто така ја истакна важноста од зајакнување на институционалниот дијалог меѓу Европската унија и традиционалните религии, нагласувајќи дека член 17 од Лисабонскиот договор треба да има практична примена, а не да остане само декларативна одредба.

Во тој контекст, тој нагласи дека слободата на верата подразбира и обезбедување безбедни богослужбени места, но посочи дека бирократските процедури често создаваат сериозни пречки. Како пример наведе случај во кој било потребно две и пол години за да се добие дозвола за поправка на црква оштетена од земјотрес, додека самата обнова траела само четириесет дена.Митрополитот Јероним повика на поедноставни и побрзи административни процедури, како и на посилна институционална заштита на религиите во Европската унија.

Тој исто така предупреди на опасноста од инструментализација на Црквата од страна на политички режими, што, според него, се случува во некои земји надвор од Европската унија.

На конференцијата присуствуваше и Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј.

1 COMMENT

  1. Да си внимавате на печатни грешки, во насловот сте напишале Ларија?
    Зар може така, вие сте професионален сајт, а уште повеќе спикер на ТВ !

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img