Мелони му се заблагодари на папата за подготвеноста да бидат домаќин на преговорите за Украина

Date:

Share post:

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска му се заблагодари на папата Лав Четиринаесетти за неговите напори за постигнување мир во Украина и подготвеноста Ватикан да биде домаќин на мировните преговори.

Мелони и поглаварот на Римокатоличката црква вчера телефонски разговараа откако италијанската премиерка разговараше со претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерите од Европска Унија.

Папата Лав Четиринаесетти минатата недела изјави дека е подготвен да ги вложи сите напори за да се постигне мир во Украина и понуди во Ватикан да се одржат директни преговори помеѓу Украина и Русија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img